При рака секогаш треба да имате суво овошје, особено кога е ладно времето, бидејќи ги содржи сите важни материи за организмот, препорачува познат виенски експерт.
– Богато е со магнезиум, минерал кој ги релаксира мускулите, го ублажува стресот и го подобрува сонот, како и витамините од групата Б комплекс кои го зајакнуваат нервниот систем.
– Изобилува со железо, поради што го подобрува имунитетот, крвната слика и виталноста.
– Доколку го консумирате секојдневно, ќе имате подобро варење и циркулација во пределот на главата.
– Сувото овошје е најдобро да го јадете наутро, за појадок, да го исецкате на ситно и да го помешате со јогурт.
Сувите банани и јаболки се поблаготворни од другото овошје бидејќи имаат најмногу магнезиум, железо и витамин Б. Нутриционистите ги препорачуваат наместо слатки, особено за лицата кои се изложени на секојдневен стрес како совршен штит во таквите ситуации.