СОСТОЈКИ:
1 кг. компир
150 гр. шунка
2-3 лажици брашно
сол
бибер
масло
магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирот се вари, па се прави пире. Можете да земете и готово пире во кесе и да го сварите во вода.
Се сече шунката на коцки, се пржи на тава, па се додава на оладеното пире.
Се ставаат магдонос, сол и бибер и зачини по желба.
Се додава и брашното да се поврзе смесата.
Натапкајте тесто и вадете ќофтиња.
Пржете ги во добро загреано масло.
Ставете ги на салфета да ја впијат маснотијата.