Неготинец починал откако испил отров

Четириесет и шестгодишен жител од неготинско селo вчера починал откако испил отров во семејната куќа.

 

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во Медицинскиот центар во Кавадарци бил донесен починат З.С. (46) од село Тремник–неготинско, кој околу 17:30 часот во семејната куќа во село Тремник испил одредена количина на отров.

Неговиот татко го однел во Итната медицинска помош во Неготино, но поради сериозноста на неговата здравствена состојба веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Кавадарци каде од лекар била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било пренесено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави