Консумирајте три пати на ден по половина часа сок од портокал, пред јадење, една недела, и ќе ги победите респираторните инфекции, тврдат заговорниците на традиционалниот начин на лекување.
Консумирајте три пати на ден по половина часа сок од портокал, пред јадење, една недела, и ќе ги победите респираторните инфекции, тврдат заговорниците на традиционалниот начин на лекување. А доколку дојде до настинка, треба да се испијат четири чаши дневно, се додека состојбата не се подобри.
Освен што го зајакнува имунитетот, портокалот ја подобрува и ја стимулира работата на цревата, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, а задебелувањето на крвните садови го намалува за третина. Исто така, им дава цврстина и еластичност на коските, а на ноктите сјај и јачина.
Во етеричното масло на портокалот се крие силата на ароматично освежувачкиот мирис и лековитата моќ. Одлично се комбинира речиси со сите други масла, при што го оплеменува нивниот мирис. Ова е редовна состојка на ароматераписките масла за отстранување на целулитот, при што истовремено ги регенерира и клетките на кожата и посебно е добра за сува кожа.