СОСТОЈКИ:
7 зелени крупни пиперки
3-4 чешниња лук
2 домати средна големина
1 модар патлиџан
масло
сол
ПОДГОТОВКА:
Зелениот пипер се пече, а потоа се лупи и се сече на парчиња по должина.
Претходно во посебен сад се толчи лукот со сол и потоа дел по дел се додава пиперот. Сето тоа заедно се толчи со лукот.
На крај се додава црвен домат и модриот патлиџан кој е веќе потпечен и излупен. По вкус може да употребите и свеж домат исечен на парчиња. Доматот се додава во садот и се толчи заедно со лукот и пиперот.
На крај, подгревате малку масло за готвење и попарете ги состојките во садот.