Бизарно, срамно, предавничко – Трамп критикуван за средбата со Путин

 Претседателот на САД, Доналд Трамп по средбата во Хелсинки со рускиот преседател Владимир Путин изјави дека има голема доверба во своите разузнавачи и оти „двете најголеми нуклеарни сили мора да се согласуваат“, додека Путин наведе дека состанокот со Трамп бил „со поголема содржина отколку што очекувал“.

 

– Како што денеска реков и многу пати претходно, имам голема доверба во своите разузнавачи. Но, признавам, за да изградиме посветла иднина, не можеме да се фокусираме исклучиво на минатото – како две најголеми сили, мораме добро да се согласуваме, напиша Трамп на социјална мрежа.

Трамп по Самитот во Хелсинки е критикуван како од конгресмените и од Демократската и од Републиканската партија, кои ги оценија неговите изјави на прес-конференцијата со Путин како „бизарни“, „предавнички“, „срамни“ и како „пропуштена можност да се упати сериозно предупредување за мешање во изборите“.

Во исто време, рускиот претседател  истакна дека разговорите со Трамп се одвивале во „партнерска атмосфера“.

– Немав посебни очекувања бидејќи тоа беше наш прв состанок. Во почетокот наликуваше на некој вид загревање, со цел поконкретно да разговараме за идните контакти. Меѓутоа, работите тргнаа во друга насока – разговорот навистина беше со многу содржина, посочи Путин.

Тој додаде дека не прецизирале датум за следна средба, но не ја исклучуи можноста да се сретне со Трамп на маргините на некој од азиски форум или подоцна во Аргентина, на Самитот на Г-20.

Треба да знаете
Последни објави