Полицијата поднесе кривична пријава против 17-годишната мајка од Желино која на почетокот на овој месец го остави своето новороденче пред Домот за доенчиња во Битола. Освен против неа, пријава е поднесена и против нејзиниот невенчан сопруг и нејзиниот татко.
„Поради основи на сомнение дека сторилa кривично дело ‘напуштање немоќно дете’ поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против 17-годишната мајка од Желино. Поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ‘вонбрачен живот со малолетно лице’ пријавен е 27-годишниот Ш.А. од тетовското село Долна Лешница, а за истото дело се сомничи и 38-годишниот Б.А. од тетовско Желино, кој ѝ дозволил на малолетничката да живее во вонбрачна заедница со друго лице“, велат од МВР.
Новороденчето беше најдено во вечерните часови на 1 јули пред Домот, а полицијата неколку дена трагаше по идентитетот на мајката.