Опозицијата негодува за предлогот на Владата за измени на изборниот законик

Опозицијата негодува по предлогот на Владата за измените на изборниот законик. Координарот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, во Собранието посочи дека никогаш не се носи изборен закон без консултации со опозицијата.

„Пред еврокомесарот Јоханес Хан се залагавме за патот кон НАТО и ЕУ. Во истиот момент кога Хан си отиде, во 12:38 ч. стигна допис од Владата со којшто се предлага дополнување на дневен ред на седницата за измени за изборен законик. Дали владејачкото мнозонство се согласува со ваква постапка? Никогаш не се носи изборен законик без консултации со опозиција“, рече Данев, по што пратениците излегоа на еден час пауза.

Претходно, Владата прати предлог до Собранието за измени во изборниот закон со кои бара составот на Државната изборна комисија да се бира со апсолутно наместо со двотретинско мнозинство. Владата бара измените да се гласаат по скратена постапка, додека опозицијата не се согласува со овој предлог.

Треба да знаете
Последни објави