Тешка сообраќајка на патот Струмица–Владевци

Рано утринава во 04.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица–Владевци патничко моторно возило „aлфа ромео“ со струмички регистерски таблици управувано од 23-годишниот А.Д. од Струмица, удрило во паркирана приколка на Ј.М.(41) од Струмица.

Во незгодата со повреди се здобил А.Д. кој откако со помош на екипа од Територијалната противпожарна единица Струмица бил изваден од возилото, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица.

Во времето од 05.20 до 11.00 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Владевци бил во прекин, поради вршење на увид.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави