Температурните разлики предизвикуваат здравствени проблеми. Најмногу се јавуваат хронично болните.
Променливото време е шок за организмот. Најмногу мака им предизвикува на хронично болните. Во брзата помош најмногу се јавуваат граѓани со висок крвен притисок, со ревматски заболувања, но и асматичарите.
Лекарите ги советуваат граѓаните да бидат претпазливи.. Доколку нагло се покачи температурата може да се очекува зголемен број повици.
Променливото време влијае врз концентрацијата, но и на расположението.
Придржувајте се на пропишаната терапија и доколку почувствувате изнемоштеност побарајте помош, ги советуваат лекарите хронично болните кои што најмногу страдаат од промената на надворешната температура.