Кристијано Роналдо во изминативе дена е топ тема во фудбалска Италија, а посебно во текот на вчерашниот ден кога големата португалската ѕвезда всушност ја доживеа својата промоција како играч на Јувентус.
Италијанскиот шампион со сите почести ја претстави големата ѕвезда и Роналдо даде неколку интересни изјави за време на официјалната прес-конференција, но ако на истата ги изненади шпанските медиуми со својот одговор за Реал Мадрид, па говореше воглавно само за Јувентус.
Роналдо и во минатото има говорено за тоа дека Јувентус е еден од омилените клубови од неговото детство, но сега конечно призна дека посебно го засакал клубот кога фановите од Торино му се поклонија со стоечки овации за голот со „ножичи“ кој го постигна во Лигата на шампионите во сезоната која измина.
– Тоа беше специјален момент, навистина специјален. Се сеќавам дека постигнувањето на уникатен гол против мојот сегашен тим беше нешто неверојатно. Тоа беше специјален гол, онаков каков што сакав да имам дадено во кариерата, но тогаш не знаев дека иднината ќе ме однесе во Јувентус. Ќе играм за најдобриот италијански клуб и еден од најдобрите во светот. Се сеќавам дека бев многу среќен по тој гол, не само за тоа што победив, еден детаљ ја направи разликата во сето тоа. Аплаузите од фановите направи да се чувствувам посебно. Се изненадив од сето тоа, не го очекував. Отсекогаш го сакав овој клуб, но од тој ден уште повеќе, – порачува Роналдо.