Нова лидерска средба за утре во 12 часот
Премиерот Зоран Заев за утре закажа нова лидерска средба во Клубот на пратеници во 12 часот. Ова е еилогот од повеќе часовната средба на лидерите на политичките партии која претходно по час и половина ја напушти лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Заев го осуди демонстративното заминување на Мицкоски, кој ја напушти лидерската средбата со образложение дека не му бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни. Тој побара на средбата да присуствуваат лидерите на двете најголеми партии на Македонците и двете најголеми партии на Албанците.
Заев не прецизираше во каков формат ќе биде средбата утре.
Тој на пресс конференцијата во Владата упати прашање до Мицкоски што е она што не сакал да го каже на средба во проширен состав.
Премиерот најави дека референдумот ќе биде консултативен. Исто така посочи дека сите партии кои учествувале и останале до крај на средбата ги потврдиле заложбите за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО.
На лидерската средба до крај останаа да присуствуваат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со Радмила Шекеринска, Али Ахмети и Бујар Османи од ДУИ, Зијадин Села и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Мендух Тачи и Имер Алиу од ДПА, Африм Гаши од едното и Билал Касами и Фадил Зендели од другото крило на Беса, Горан Милевски и Дуфе Кукоски од ЛДП, Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Љупчо Димовски и Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија, како и Тито Петковски и Горан Мисовски од НСДП.
На средбата требаше да се надминат разликите меѓу владејачките партии и опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи наесен.