Протест пред клубот на пратениците
Додека трае лидерската средба во Клубот на пратеници, група од десетина граѓани протестираат надвор и извикуваа УА додека политичарите пристигнуваа во Клубот на закажаната лидерската средба.
Со транспаренти „Не ве гласавме за да менувате име„ група граѓани го искажаа своето незадоволство додека зад затворени врати се одржуваше лидерската средба, на која политичарите, според најавите, ги договараат деталите за референдумот, како и составот на Државната изборна Комисија.