72-годишна жена вчера била удрена со автомобил во центарот на Скопје, а возачот избегал. Повредената е задржана на лекување во болница.
Според информациите на МВР, вчера во 10:55 часот во полиција било пријавено дека на крстосницата од булеварот Гоце Делчев со улицата 1732 автомобил „ауди“ со италијански национални ознаки управувано од непознато лице, кое по незгодата избегало, удрило во пешакот М.А.(72) од Скопје.
Жената била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што е задржана на лекување поради тешки телесни повреди. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.