По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот.
Според неофицијалните информации кои стигнуваат од преговарачката маса, сѐ уште не се разговарале деталите за референдумот, ниту за владиниот предлог закон за измени на изборниот законик за ДИК. Дел од присутните на средбата брифираат дека власта побарала гаранции за успешен референдум, од опозицијата пак реагираат дека владејачкие партии дошле неспремни.
Во првиот сет разговори, акцентот бил ставен на законот за финансирање на партиите и за концептот на техничка влада пред избори.
Лидерите на четирите политички партии, Зоран Заев, Кристијан Мицкоски, Али Ахмети и Билал Касами придружувани од по уште еден партиски претставник направија половина час пауза, по што се вратија на средбата зад затворени врати.