Двајца пожарникари задржани во болница, а еден на домашно лекување

Во сообраќајната незгода која вчера се случи во скопската населба Маџари беа повредени три пожарникари, двајца од нив се задржани на болничко лекување.

 

Вчера 09,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улица „Благој Стефковски“ и улица “Методија Андонов Ченто“ противпожарно товарно возило  сопственост на град Скопје, а управувано од Б.В.(56) од Скопје се превртело, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Б.В. и сопатникот Љ.С.(59) а со телесни повреди се здобил  сопатникот С.А.(56) сите вработени во Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредените со возило  на Итна медицинска помош  биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната лекарска помош, Б.В. и Љ.С. биле задржани на понатамошно лекување, а С.А. бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави