Кучињата скитници дивееат низ Скопје, две лица повредени

Нови напади од куче низ Скопје, вчера регистрирани се два случаеви, едниот во населбата Аеродром, а другиот во Кисела Вода.

 

– На 18.07.2018 година во Полициската станица Аеродром, Н.И.(27) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 09,30 часот додека се движела на паркингот на булеварот “Трета Македонска Бригада” била нападната од куче-скитник кое ја каснало во пределот на левата подколеница. Укажана и била лекарска помош во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

– На 18.07.2018 година во Полициската станица Кисела Вода З.К.(29) од Скопје пријавил  дека истиот ден околу 09,30 часот на улицата “Христо Татарчев” бил каснат од куче-скитник во пределот на левата нога.

Надлежните органи ги превземаат потребните мерки.

Треба да знаете
Последни објави