Често се вели дека луѓето треба да ги прифатиме онакви какви што се. Иако тоа е точно, тоа не значи дека треба да им даваме шанса на лошите луѓе и оние кои шират негативна енергија околу себе.
Животот е краток – не мораме да прифаќаме средина и да мислиме дека мораме да го прифаќаме тоа што ни е дадено. За некои работи човек треба да се избори.
Луѓето кои не знаат како да живеат, секогаш ќе се потрудат на другите луѓе да им покажат како се живее. Ќе ги осудуваат, ќе им кажуваат како треба, ќе ги исмејуваат. Сите имаме по некоја таква личност во животот. Но, зошто ја имаме? Зошто ја прифаќаме?
Ако вашиот живот не им се допаѓа на другите луѓе, пуштете ги да си одат. Не морате да ги слушате нивните коментари. Ако нивниот живот не добар и не сакаат да им помогнете, пуштете ги да заминат. Ако вашата енергија е премногу позитивна за друга личност, ослободете се од неа. Не ви се потребни овие луѓе во животот.
Вашиот живот е одраз на тоа што го сакате и ве прави среќни. Борењето да бидете среќни и да го добиете тоа што го сакате е најдоброто нешто што можете да го направите за себе. Од друга страна, прифаќањето на работите и луѓето кои не ви одговараат е една од најлошите работи кои можете да ги направите за себеси.
Има милион работи во животот кои не можете да ги контролирате, илјадници нешта кои ќе ви донесат тага и солзи во очите. Најчесто, таквите работи се поврзани со другите луѓе – нивните мисли, зборови и дела кон вас. Не морате да го прифаќате тоа.