Околу 14,30 часот вчера во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булевар “Партизански Одреди“ патничко моторно возило “Опел Астра“ со скопски регистерски таблици управувано од 61-годишниот Г.Б. од Скопје удрило во велосипед .
Полицијата денеска информира дека велосипедот го возел 36-годишниот Б.Б. од Скопје.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој со истото возило, бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.
Се работи на целосно расчистување на случајот.