Почна лидерската средба во скратен состав
Во Клубот на пратениците во Скопје почна лидерската средба во скратен состав, за разлика од синоќешната на која присуствуваа претставници на поголем број партии.
На денешните разговори се само лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса: Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами.
Се очекува и денеска партиските лидери да дискутираат за составот на ДИК и претстојниот есенски референдум за името, посебно за формулацијата на референдумското прашање.
Лидерска во скратен состав синоќа побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја напушти синоќешната средба.