Кристијано Роналдо после обврските на Светското првенство отпатувал со децата и со девојката Џорџина Родригез на одмор во Грција. Колку му било убаво и пријатно потврдува и податокот дека на вработените им оставил бакшиш од 20.000 евра.
Новиот играч на Јувентус оставил голем бакшиш, а имал само еден услов кој сите ги воодушевил. Имено, Португалецот побарал бакшишот да им биде поделен на сите вработени, подеднакво.
Фудбалерот години наназад е познат како голем добротворец, па не е реткост со ваков гест да ги воодушеви своите фанови.