Елизабета Савиќ Динева (31) вчера починала на скопските клиники, откако тука била донесена петиот ден по породувањето во Гевгелија. Според одговорните лица од ургентниот центар во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје таа добила епилептични напади од непознато потекло.
Претходно Динева била хопитализирана на Клиникa за неврологија, каде останала 24 часa, а потоа паднала во кома и итно пренесена во ургентниот центар.
Од Министерството за здравство информираат дека било постапено според сите протоколи. Телото е предадено на обдукција.
Елизабета Савиќ Динева во Гевгелија се породила со царски рез, но по пет дена била донесена во клиничкиот центар Скопје во лоша состојба.
Од Министерството за здравство велат дека треба да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира со причините за смртта на родилката бидејќи може не е поврзана со породувањето.