Хуманитарен настан во Ѓорче Петров во чест на Марија Михајловска

Хуманитарен настан во Ѓорче Петров во чест на Марија Михајловска

Голем хуманитарен настан со поддршка од општина Ѓорче Петров во чест на прерано починатата жителка на оваа општина, Марија Михајловска ќе биде организиран утре во реонскиот парк. Целокупната програма стартува од 12 часот на пладне со крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров, а продолжува вечерта од 19 часот и 30 минути со музички перформанс на повеќе изведувачи. Средствата собрани од пијалоците вечерта ќе бидат донирани за Симона Николова од Скопје која боледува од Фридрикова атаксија.

Општина Ѓорче Петров ги повикува оние кои се во можност да присуствуваат на хепенингот, да и оддадат почит на Марија и да бидат хумани, односно заедно да придонесат во лекувањето на Симона.

Марија Михајловска пред две години на 28-годишна возраст загина во сообраќајна незгода. Со настанот, постхумно, утре ќе биде одбележан нејзиниот 30-ти роденден.

 

Треба да знаете
Последни објави