Заев: Нема амнестија, нова лидерска средба во недела
Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев по денешната лидерска средба изјави дека денешните разговори траеле долго и на нив тема биле прашањата кои се суштински поврзани со референдумот. а со тоа и со формирањето на ДИК.
Заев не сакаше да навлегува во детали за кои прашања конкретно ставовите се приближени, а за кои и натаму има големи разлики, туку најави дека следната средба же биде в недела навечер или понеделник наутро, се додека не биде постигнат договор.
-Се двоумев дали во ова мое обраќање да навлегувам во детали и можеби ќе наравам грешка за прашања за кои сме потрвдиле или сме блиску до договор или за оние за кои сме далеку од тоа. Има прашања за кои лесно може да се договориме. Сите сме свесни дека процесот е во броени денови бидејќи сакаме навремено да спроведеме референдум по кој ќе следат уставни промени за да можеме на почетокот на годината да очекуваме потврда и од Грција. Очекувам на следната лидеркса средба да објавиме договор меѓу власта и опозијата, рече Заев.
Тој потсети дека сите парламентарни партии стојат зад стратешките цели на Македонија – полноправно членство во ЕУ и НАТО и за тоа како што рече компромиси нема. Тука Заев ја спомена амнестијата за 27 април која беше споменувана од опозцијата.
– Амнестија директна или индректна нема. Ќе дадеме шанса на дијалогот и разоворот додека е тоа можно. Парламентот продлжува да работи и разгледувањето на измените на Избрниот Законик продолжува во комисиите. Очекувам на лидерската средба да се договориме за имплементацијата за формирање на ДИК, истакна Заев.