Нападнат и ограбен старец додека ги напасувал козите во Скопје

Вчера во скопската населба Драчево се случил инцент во кој е огранебен скопјанецот Т.J. (81) од Скопје додека ги напасувал своите кози, информираат од МВР.

 

Вчера околу 11,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во близина на железничката станица во населба Драчево, додека Т.J. (81) од Скопје напасувал кози, од позади грб со мотор му се приближиле Н.Ѓ. (19) и Р.С. (18), го турнале на земја и од ранецот му одзеле околу 13.000 денари и мобилен телефон.

По превземени мерки од страна на полициски службеници Н.Ѓ. и Р.С. биле приведени во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави