Трагедија во бурекџилница во Скопје: Паднал по скали и починал
Околу 09,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Дебарца“ 54-годишниот З.П. од Скопје додека пренесувал печка од бурекџилница во подрумска просторија се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.