Две лица биле тешко повредени во 16 сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје. Во сообраќајките осум лица биле полесно повредени, а во шест од сообраќајките имало само материјална штета.
Сообраќајците санкционирале 13 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, а 15 возачи биле исклучени од сообраќај бидејќи возеле пијани. Од сообраќај биле исклучени 11 возачи кои управувале автомобил пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници, 10 автомобили биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Четворица возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, по еден возач не дале првенство на минување на пешаци и првенство на возила, а тројца мотоциклисти не користеле заштитен шлем.
Санкционирани биле и 12 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и четворица кои поминале на црвено светло.