Иако сестрата на Меган Маркл, веќе тврди по медиумите дека токму војвотката ќе биде „одговорна“ за смртта на нивниот татко, кој е во тешка здравствена состојба, и иако не прекинуваат шпекулациите на оваа тема, сега се тврди дека целата афера во врска со операцијата, сликите и недоаѓањето на венчавката, всушност е измислена.
Томас Марк, таткото на Меган Маркл, во последните денови пред венчавката одлучи да заработи на својата ќерка, па им продаде на новинарите лажни фотографии, на кои можеше да се види како тој наводно се подготвува за венчавката на својата ќерка.
Овој потег предизвика неверојатен гнев кај кралското семејство, а истовремено тој наводно имаше закажано операција на срцето, па не се појави на венчавката воопшто.
Дали навистина се поклопија термините, или пак, ќерката можеше да го промени датумот на венчавката, за нејзиниот татко да ја испрати до олтарот, тоа официјално не е објаснето, но британски таблоид, сега пишува дека неговата операција е измислена.
Томас Маркл ја измислил операцијата, само за да не мора да присуствува на кралската венчавка?
Имено, тој сакал да оди, но се чувствувал премногу непријатно за да се појави пред светската јавност, после скандалот со продажбата на лажни фотографии.
Од друга страна, тој истакна дека два месеци веќе нема контакт со војвотката, односно дека таа дури го променила и бројот, а објаснува и како Меган сега е многу несреќна, поради животот кој е принудена да го води во кралскиот дворец.