СОСТОЈКИ:
600 гр. шампињони
200 гр. пченка
6 лажици масло
1 лажиче вегета
400 гр. кисела павлака
200 гр. мајонез
магдонос
ПОДГОТОВКА:
Се сечат ситно шампињоните, се додаваат масло и зачини и се ставаат на оган, а бидејќи самите ќе пуштат вода нема потреба да се додава.
Се динста додека водата не испари.
Се вари пченката, па мие со ладна вода и се цеди.
Се мешаат во сад павлаката со мајонез, зачини и магоднос.
Се става се во сад, печурките, сосот со павлака и мајонез и пченка.
Нека се лади 10 минути.