(ВИДЕО) Влада: Раст на платите даваат резултати, мајската плата поголема за 7,1 отсто

Влада: Раст на платите даваат резултати, мајската плата поголема за 7,1 отсто

Растот на платите е, и останува, приоритет на Владата на Република Македонија. Просечната нето плата во месец мај порасна за 7,1 отсто во однос на истиот месец претходната година. Таа сега изнесува 24.509 денари и е повисока за 1.600 денари на годишно ниво, велат од Владата откако вчера Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната плата и посочуваат дека тоа е резултат на мерките што се преземаат.

Во денешното соопштение од владината прес-служба се посочува дека растот на платите е повторно силен во индустријата за производство на текстил, облека и кожа.

– Во производството на текстил зголемувањето на платите е 2.670 денари на годишно ниво, во производство на облека 1.764 денари, а кај производство на кожа на годишно ниво платата пораснала за 1.802 денари, информираат од Владата.

Оттаму нагласуваат и дека во мај 2018 година има значаен раст и на платите во другите дејности како што се финансиите и осигурувањето, и информатичката и комуникациската дејност.

– Владата на РМ останува посветена на растот на платите. Продолжуваме со реализацијата на пакетот мерки за тоа оваа намена. Освен зголемувањето на минималната плата, во Собранието на Република Македонија веќе се поднесени законски измени кои ќе обезбедат поддршка за раст на платите кои се повисоки од минималната плата, се вели во соопштението.

Во него се додава и дека особено внимание се посветува и преку активните мерки за вработување, и особено со поддршка на инвестициите кои обезбедуваат фер плата за вработените.

 

Треба да знаете
Последни објави