Позната причината за смртта на Влатко Илиевски
Пејачот Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов во својот автомобил починал од огромна количина наркотични средства. Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта, пишува порталот Досие.
Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но исто така имало и други послаби наркотици и алкохол. Сето тоа довело до предозираност на организмот поради што престанало да работи срцето.
Резултатите се испратени до обвинителството кое треба да постапува по овој случај. Како понатаму ќе се одвива истрагата останува да кажат од обвинителството со оглед дека и според луѓе вклучени во истрагата во неговиот автомобил биле пронајдени траги на наркотици.
Влатко Илиевски беше пронајден мртов на 6 јули вечерта во својот автомобил во Скопје. Како што веќе е познато вечерта бил со пријатели в кафеана , но откако заминал никој не знае дали се сретнал со некој и кога ги зел наркотиците. Оние што биле блиски со него тврдеа дека иако постојано покажувал насмевка и среќа длабоко во себе страдал од тешка депресија.