Полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

Полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

45-годишен полициски службеник е пронајден мртов вчера во Прилеп. Тој бил пронајден во возило со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката.

Јавен обвинител врши извршил увид и наредил обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Извори брифираат дека се работи за самоубиство. Службеникот бил вработен во единицата „Лавови“  и како што дознаваме учествувал во конфликтот во 2001 година.

Нашите извори велат дека полицискиот службеник бил на боледување последниве неколку месеци бидејќи имал нарушена психофизичка здравствена состојба.

Треба да знаете
Последни објави