Танчерки од цел Балкан затекнати во објекти во Тетово и Гостивар. приведени 33 танчерки
Синоќа била спроведена полициска акција во пет угостителски објекти, од кои двa во Тетово и три во Гостивар, каде биле затекнати девет странски државјанки од Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина и 24 државјанки на Македонија, кои работеле како танчерки.
МВР соопшти дека танчерките биле приведени и задржани во полициска станица за поматамошна постапка.