Гореше автомобил во скопски Бутел
На 21.07.2018 година во 03,40 часот телефонски во Секторот за внатреши работи Скопје било пријавено дека на улицата „Тале Христов“ на паркинг пред зграда било опожарено патничко моторно возило „Опел Антара“ со скопски регистерски таблици, сопственост на А.Р.(36) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Се работи на целосно расчистување на случајот.