Измислените скандали и лажните наводи на ВМРО-ДПМНЕ нема да го скријат фактот дека токму оваа партија 11 години ги крадеше граѓаните заради енормно богатење на фамилијата преку коруптивни зделки, наместени тендери и договорени провизии.
Грабежот е политичка мантра на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа заврши со промената на власта, порача СДСМ.
Според оваа партија, ВМРО-ДПМНЕ знае дека најголемите криминалци се дел од фамилијата што изнесе милијарди евра надвор од државата додека граѓаните тонеа во сиромаштија, но исто така треба да знае дека парите стекнати на незаконски начин ќе бидат вратени назад во буџетот, назад кај граѓаните.
„Македонија расчистува со криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и чекори напред. Од заробена, сиромашна и изолирана држава, денес Македонија е слободна и напредна држава, пријател на демократскиот свет. Ѝ се допаѓало тоа или нe на ВМРО-ДПМНЕ, успесите на Македонија се препознаени и денес државата одлучно чекори кон влез во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Граѓаните ги поразија погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразат и нејзиното деструктивно однесување, граѓаните велат ‘да’ за македонската иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.