Ахмети: Првиот дел позитивен, вториот дел од средбата е разочарувачки
Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека првиот дел од денешната лидерска средба го оценува позитивно имајќи предвид дека владата направила отстапки за да опозицијата го добие тоа што го бараше.
-Вториот дел беше разочарувачки. Власта ги бранеше државните интереси. Разликите се во прашањето кое треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот зависи од прашањето кое ќе го поставите. Во овој случај сакам да истакнам дека сите ние треба да ги ставиме државните пред партиските интереси. Во оваа ситуација опозицијата треба да ги стави државните интереси. Дискутирани се многу детали и дебатирано е многу за ова прашање и конечниот став на ДУИ е дека треба да се имаат предвид државните интереси. Наредните денови ќе видиме каков ќе биде текот на настанатите – изјави Ахмети.