Грчка анархистичка група фрли црвена боја врз зградата на грчкото МНР

Членови на грчка анархистичка група фрлија црвена боја врз зградата на Министерството за надворешни работи во Атина.

На својата интернет страница тие објавија дека тоа е солидарност со палестинскиот народ и поради „затроплувањето на односите“ на Грција и Израел.

Инцидентот се случил 12 часа откако членови на таа група искршија прозорци на канцеларии на даночната управа во северниот дел од градот. Во инцидентите во кои учествувале најмалку 10 луѓе, нема поврдени, а едно лице е уапсено, јавија грчки медиуми.

Треба да знаете
Последни објави