Покрај поквалитетен љубовен, и секако сексуален живот, спиењето без облека на себе го подобрува и квалитетот на сонот.
И гениталиите ќе ви бидат благодарни, доколку ги „ослободите“ од вашите пижами. На гениталиите им е потребен свеж воздух, како и на секој друг дел од вашето тело, бидејќи тогаш помалку се потите, поладно ви е и помала е веројатноста за развој на бактерии, а со тоа и од создавање на инфекции.
Покрај тоа, спиењето гол дава чувство на апсолутна слобода. Ова е и одличен рецепт за зголемување на сексуалната желба, бидејќи кога сме голи, едноставно се чувствуваме повеќе секси.
Според меѓународното истражување на американската Национална фондација за спиење, секој трет човек во светот спие гол, и затоа, љубовниот живот на тие луѓе е подобар, во однос на оние кои спијат во пижами.
Покрај тоа, спиењето гол го подобрува и квалитетот на сонот. Температурата на телото е помала, што придонесува за подлабок сон. Експертите веруваат и дека кога спиете голи, се намалуваат шансите за развој на бактерии, бидејќи тие сакаат влага и горештина.
Спиењето голи е многу добро и за кожата, бидејќи тоа е единствена прилика за таа непречено да дише, со што се намалува шансата за добивање на некоја кожна болест.
Имено, кожата во текот на целиот ден е покриена со облека, под која често се поти, а и хемикалиите од најразлични детергенти, можат да навлезат преку порите. Ако навечер ви е многу ладно, подобро е да се покриете само со една полесна покривка, за телото да може и понатаму да ужива во слободата.