Секоја година фрламе храна само затоа што на етикетата пишува дека рокот и истекол. Меѓутоа, грешиме, велат експертите откривајки кои намирници е безбедно да ги јадете и откако нивниот рок е официјално истечен.
Чоколадо
На чоколадата на која и поминал рокот со тек на време можат да се појават бели точкички, но не се грижете, станува збор за кристализиран шеќер. Омиленото чоколадо слободно иседете го, иако веројатно дека нема да биде така вкусно како она со тазе рок.
Чипс
Исто така ја губи свежината, но е безбеден за грицкање и тоа благодарение на огромното количество на сол. Сепак најдобро е да не чекате да пројдат повеќе од три недели по истекот на рокот.
Кашкавал
Единствено тврдите кашкавали, како што е пармезанот и чедарот, можат да се јадат по истекот на рокот и тоа три до шест недели. Но, меките кашкавали како камамбер и кремастите намази задолжително јадете ги во рокот. Исто така кога ќе ги отворите, консумирајте ги во рок од десетина дена.
Кекси
Благодарение на конзервансите, кексите се безбедни и два месеци по истекот на рокот, но им се губи вкусот. Крцкавоста можете да се обидете да ја повратите така што на кратко ќе ги подгреете во релната.
Мед и џем
Големата количина на шеќер ги чува медот и џемот од пропаѓање, па слободно консумирајте ги дури и кога во средината ќе се згуснат.
Пастата
Пастата или тестенините имаат неограничен рок се додека ги чувате соодветно. Кога ќе отворите шпагети или макарони, остатокот смесете го во сад во кој не влегува воздух, со цел да ги сочувате од влага.