Повторно вечерва страшна сообраќајка на патот Кичево-Охрид
Сообраќајна несреќа се случила вечерва на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Арбиново. Според првичните и штури информации од увидот, во несреќата нема жртви, но има повредени, објави порталот ohridnews.
Засега не се соопштуваат други детали за несреќата и во каква здравствена состојба се учесниците.
Во правец на местото каде се случила несреќата вечерва се упатија две возила на итната медицинска помош, како и едно противпожарно возило.
Повеќе информации за сообраќајната несреќа СВР Охрид најави за утре.
Сведоци на несреќата за „24 Вести“ велат дека глетката е страотна. Според нив во несреќата учествувале повеќе возила, а патнички куфери и торби лежеле расфрлани на патот. Едно од возилата што учествувало во несреќата било целосно уништено.
Се верува дека до несреќата е дојдено по излетување на едно од возилата на дел од патот кој сега е во изградба.
На самото место има шест-седум патролни полициски возила, а полициските службеници освен што вршат увид, вершат и преусмерување на сообраќајот на дел од новата патна делница.