Прескокната точката за измена на Изборниот законик поради лидерската средба

Прескокната точката за изменување на Изборниот законик поради лидерската средба. Пратениците на денешната седница едногласно со 77 гласа прифатија да се премине на другите точки од агендата.

Според собранискиот спикер, Талат Џафери, доколку има консензуален договор на лидерската средба, но и да нема, ќе се отвори расправа за Изборниот законик.

Претходно, измените на Изборниот законик ги поминаа двата собраниски филтра, односно Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија. И покрај 401 амандман поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не беше прифатен, а еден беше отфрлен.

Треба да знаете
Последни објави