Тинејџерка од Сандерленд оставала позитивни и охрабрувачки пораки на мостот Вермаут за луѓе кои се соочуваат со психички проблеми и дошле на мостот со намера да си го одземат животот и со нејзините зборови успеа да спаси шест луѓе.
Пејџ Хантер (18) поставила најмалку 40 пораки на мостот, меѓу кои: „Иако работите се чинат тешки, твојот живот е важен. Ти си зрак светлина во овој темен свет, затоа издржи.“
Полицискиот поручник Сара Пит рече дека ова е „иновативен начин да се допре до луѓето кои се нашле во мрачен период од животот.“
„Пејџ е толку млада, а покажа огромна зрелост и сметаме дека треба да ѝ се заблагодариме лично. Треба да е горда на себе.“
Пејџ, која сега студира на колеџ и работи, доби пофалница од полицијата на Сандерленд.
„Откако почнав да ги оставам пораките, добивам многу коментари од луѓе. Генерално, ми кажуваат дека се инспиративни. Реакциите се фантастични. Не го правев ова за некаква награда, едноставно беше нешто што сакам да го направам“, рече Пејџ.
Од 2013 година, уличната патролна служба на полицијата во Нортабрија има тим на полицајци и медицински професионалци кои реагираат во случаи на психичка криза.