Големо невреме го зафати прилепско
Силното невреме што го зафати прилепскиот регион проследено со пороен дожд и врнежи од град со големина на орев, направи огромни штети на земјоделците.
100 % се уништени тутунови насади и градинарски култури. Првичните проценки на општинските комисии се дека од невремето се зафатени 300 хектари обработливо земјиште. И во текот на утрешиот ден ќе излезат на терен да ги проценат штетите. Атарите на селата Мало и Големо Коњари, Кадино село и Славеј се најзафатените места, земјоделците велат дека вакво невреме не паметат изминатите 25 години.
Црноморската депресија е циклонска активност која ова лето го зафати целиот регион, нестабилното време ќе се задржи подолг временски период, поради што ќе имаме посвежо лето,велат метеоролозите. Циклонот Флоријан денеска ја зафати и земјава, иако се очекува блага стабилизација во текот на утрешниот ден, останува вклучен алармот за силни електрични празнења.
Температурните шокови влијаат на луѓето со мигренозни напади и хронично болните. Докторите апелираат поголем внес на течности и витамини.
Иако кон крајот на неделата се очекуваат сончеви денови, ова лето, како што и до сега најавуваа метеоролозите температурите ќе бидат под просекот на временските услови.