Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, заедно со нивните колеги од Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе одржат квадрилатерална средба во Мостар.
Како што објави грчка новинска агенција Ципрас попладнево треба да прими награда од Центарот за мир и мултиетничка соработка, за неговиот придонес во задржувањето на мирот на Балканот.
Околу 20 часот се очекува во Мостар да пристигнат и македонскиот премиер и премиерот на Црна Гора, а 15 минути подоцна да се одржи квадрилатерална средба на лидерите, по што ќе прошетаат по Стариот мост. Потоа, Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе ја потпишат повелбата за мир и ќе бидат наградени од претседателот на Советот на министри, Денис Звиздиќ. Дел од грчките медиуми, наградата ја поврзуваат со Договорот од Преспа.