Озил си заминува: Германец сум кога победуваме, а кога губиме – мигрант

Месут Озил, 29-годишниот германски фудбалер со турско потекло, одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Тој се прости од германската репрезентација во која за девет години одигра 92 натпревари и постигна 23 гола.

 

„Имам две срца, едно во Германија, друго во Турција. Нема веќе да играм за Германија додека имам чувство дека постои расизам и непочитување. Порано за оваа репрезентација играв со гордост, но веќе не е така. Не се почитуваат моите турски корени. Расизмот никогаш не смее да биде прифатен. Германец сум кога победуваме, а кога губиме – мигрант.

Има критериуми да се стане вистински Германец? Зошто сум јас Германец-Турчин, а моите пријатели Лукас Подолски и Мирослав Клосе не се Германци-Полјаци? Бидејќи јас сум од Турција? Бидејќи сум муслиман?“, напиша, меѓу другото, Озил во неговото писсмо и порача дека веќе не може мирно да го трпи тоа.

Непосредно пред Светското првенство Озил наиде на критики во Германија поради негови фотографии со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

На Мундијалот во Русија тој одигра два од три натпревари за Германија која шокантно го заврши првенството уште во групната фаза.

Со Германија Озил беше светски првак во 2014 година.

Треба да знаете
Последни објави