Еден загинат и петмина повредени во тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево

На магистралниот пат Охрид-Кичево синоќа се случи тешка сообраќајна незгода, во која животот го загуби 45-годишен маж струшкото село Велешта, а со живеалиште во Германија.

Несреќата се случила кога тој со неговиот автомобил се судрил со друго возило, кое го управувал 32-годишен кичевец.

Во незгодата Х.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата во Охрид, каде што во 23,40 часот починал.

Со повреди се здобиле возачот и сопатникот од другото возило, како и сопатниците од возилото на загинатиот и две деца на возраст од осум и 14 години кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави