Најнови детали за стравичната сообраќајка: Повредени 23 лица

На магистралниот пат Велес- Штип, кај село Мамутчево, вчера околу 13,30 часот се случила сообраќајна незгода меѓу автобус со штипски регистерски таблици управуван од Б.А. (54) од Велес и товарно моторно возило „Сканија“ со скопски регистерски таблици управувано од М.Ј. (31) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и 21 патник (од автобусот), а сообраќајот бил во прекин од 13,40 до 15,10 часот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави