По сензационалниот трансфер на Кристијано Роналдо од Реал мадрид во Јувентус, започнува нова ера без португалската суперѕвезда, а навивачите посакуваат нов голем фудбалер, кој ќе го заземе неговото местото.
Заминувањето на Роналдо влијаеше на повеќе начини на „кралскиот клуб“, а еден од нив е малопродажба и попрецизно, продажбата на дресови. Сигурно не е изненадување дека токму дресови со бројот и името на Кристијано беа најдобро продаваните во последните години.
Во отсуство на Португалецот, сепак изгледа доаѓа моментот за нова ѕвезда – Лука Модриќ. Голема улога за тоа одигра и Светското во Русија, каде што 32-годишниот играч беше избран за најдобар играч на турнирот.
Според шпански весник токму Модриќ е фудбалерот чии дресови се продаваат најдобро по заминувањето на Роналдо.
Плејмејкерот е дел од Реал од 2012 наваму, откако има освоени титули, Купот и четири шампионски лиги, но дури сега навивачите почнуваат да го ценат неговиот придонес.
За сметка на тоа, слабо одат продажбите на дресови со името на Карим Бензема. Освен Модриќ, фановите ги преферираат и дресовите со имињата на Иско, Асенсио и Герет Бејл.