Поради притисоци Директорот на Турски театар си даде оставка
Директорот на Турскиот театар во Скопје, Наџи Шабани си поднесе оставка, поради, како што вели, притисоци и уцени за кадровската политика.
Како В.Д. Директор секогаш се стремев да обезбедам заедно со моите колеги минимум услови кои беа разрушени од претходната управа и во тоа успеавме да направиме максимум.
Екипата се комплетирасо седум колеги од техничката екипа на турски театар Скопје.
Го отворивме патот за новите млади актери (генерации) на кои им пожелувам успешна кариера со сето мое срце.
Притисоците, уцените за кадровска политика, обидот за партизација на турски театар и намерна опструкција на политичката “елита” за непречена работа на Турски театар-Скопје, ме на тераа да поднесам Неотповиклива оставка на функцијата директор на Турски театар бидејки сум професионалец а ние уметниците знаеме кога е време и кој е начинот на ПРОТЕСТ се со една цел:
ГО КРЕВАМ ГЛАСОТ ПРОТИВ ПАРТИЗАЦИЈА И ПОДЕЛБИ НАМЕТНАТИ ОД ПАРТИЗАЦИЈА НА ТУРСКИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ. ОВАА ПОРАКА НЕКА СЛУЖИ ЗА ПРИМЕР И СОВЕТ ДО СИТЕ МЛАДИ МОИ КОЛЕГИ ДА ИСТРААТ ВО СВОЈОТ СТАВ!
ВИЕ МОИ ДРАГИ КОЛЕГИ, СИТЕ ВИЕ СТЕ ГОРДОСТ НА МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ И КУЛТУРА, СЕ ГОРДЕАМ СО ЦЕЛИОТ КОЛЕКТИВ!
ДО НОВИ ДОСТИГНУВАЊА!
“ТЕАТАРОТ МОРА ДА БИДЕ СЛОБОДЕН”
КОЛЕГИ ВИЕ СТЕ МОЈА ГОРДОСТ!
ЧУВАЈТЕ СЕ, БИДЕТЕ ЕДИНСТВЕНИ.
со почит,
Наџи ШАБАН- Актер
https://www.facebook.com/100005128922963/posts/977606599086962/