Скопските општини дел од проектот Европска Зоолошка
Директорот на Зоолошката градина Скопје ги започна состаноците со дел од градоначалниците од Скопскиот регион.
Први беа градоначалниците на Кисела вода и Бутел, Филип Темелковски и Велимир Смилевски.
На средбата беше договорена целосна соработка вклучувајќи ги општинските сектори за образование, и донации потребни за золошката.
„Зоолошката градина е на сите деца од сите општини. За тие успешно да се едуцираат ние на општините ќе им ги отстапиме двата едукативни центри целосно опремени за успешна едукација на децата од предучилишна и училишна возраст“, изјави Галетановски.